Јунајтед „прокоцка“ 0:2, деби гол на Кутињо за Вила (ВИДЕО)

235

Тимот на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Астин Вила не освои бод во ремито 2:2, туку загуби два. Од причина што имаше водство од 0:2, се до 77.  минута преку двата гола на Бруно Фернандеш во 6. односно 67. минута но потоа се случи тотален колапс.

Во рок од пет минути најпрво Ремзи, а потоа и Кутињо во 82. минута погодија за домаќинот и ја излвекоа Астон Вила од бездната. За Бразилецот ова беше првиот гол за Астон Вила откако пристигна во Бирмингем, и секако дека подобро деби и не можеше да замисли.

Јунајтед со овој освоен бод е седми со 32. бода, додека пак Вила е на 13. место до 20 поени.

ПретходноФранција убедливо со Украина, Чешка без проблеми со БиХ!
СледноЛацио фуриозно против Салернитана (ВИДЕО)