„Ќе биде тешко со Македонија, имаат квалитет, ќе биде финале“

616

Црна Гора сo денови се мачи со позитивни играчи на Ковид-19, тешко е да се каже со кој состав ќе настапат и на денешниот меч против Македонија, втор од групата А во Дебрецен.

И тие како нашите ракометари Европското првенство го отворија со пораз, беа убедливо совладани од фаворитот за тронот, Данска. Она што е сигурно дека на клупата ќе биде нивниот селектор, Зоран Рогановиќ, кој доби „зелено светло“, па ќе може да ја предводи репрезентацијата.

Црногорците се претпазливи пред дуелот со Македонија, единствено олеснување е што во составот го нема Кирил Лазаров, кој пореди повреда пред самиот старт ќе го пропушти целиот шампионат.

Екс-вардарецот Васко Шеваљевиќ и Филип Вујовиќ едногласни ги чека вистинска битка на теренот за први бодови на ЕУРО.

„Многу важен меч за нас, се надевам дека ќе го покажеме вистинското лице и ќе биде онака како што планираме. Го гледавме нивниот меч со Словенија, станува збор за искусна екипа. Но, во составот ги немаат Лазаров и Манасков. Лазаров се повреди и остана само селектор. Без разлика на тоа имаат добри играчи и добар тим, знаат што прават. Очекувам голема битка во текот на сите 60. минути, игравме со нив на ЕП во Хрватска, мечот беше решен во самиот финиш. Слично ќе биде и сега, двата тима ја посакуваат оваа победа“, рече Шеваљевиќ.

Филип Вујовиќ на мечот со Македонија гледа како на финале.

„Мечот со Македонија ќе биде како финале, ќе одлучи одбраната. Македонија има квалитет, добра транзиција, игра два на два…Ако успееме да го спречиме тоа и да им помогнеме на нашите голмани, со помош на полуконтри можеме да дојдеме до посакуваниот резултат. На навивачите им ветуваме дека ќе дадеме се од себе“.

Дуелот меѓу Македонија и Црна Гора е закажан со почеток во 18 часот.
ПретходноТрипл-дабл на Дончиќ за нов рекорд (ВИДЕО)
СледноЕХФ ја казни Македонија со 2.000 евра!