Баерн Минхен го совлада Келн во гости со 4:0, а три гола реализираше Роберт Левандовски со што заокружи неверојатни 300 погодоци во Бундес лигата, а 23 во досегашниот дел од сезоната.
Па засега само Герд Милер со 365 првенствени гола е лидер на вечната листа на голгетери во најсилната германска лига.
Освен тоа Баерн го подобри својот претходен рекорд по голови на едноподруго натпревари во првенството. Веќе 66 натпревари по ред Баерн реализира голови. Оваа серија трае од февруари 2020 година кога Баерн со 4:1 го совлада Келн, а од тогаш па до сега реализирал најмалку по еден гол на следните 66 натпревари во најсилната германска лига или во бројка 203 гола до сега.
Претходниот свој рекорд од 65 гола го реализираше од април 2012 до април 2014 година. Тогаш нивниот ефект изнесуваше 188 гола и го делеа Јуп Хејнкес и Пеп Гвардиола.
Новиот го делат Јулијан Нагелсман и Ханси Флик.
Инаку ефектот на Баерн е 51 победа, седум ремија и седум порази. Тоа е послаб ефект од претходниот рекорд кога се забележани 57 победи во 65 натпревари.
РЕЗУЛТАТИ, 19 KОЛО
КЕЛН – БАЕРН 0:4
МАЈНЦ – БОХУМ 1:0
ШТУТГАРТ – РБ ЛАЈПЦИГ 0:2
УНИОН – ХОФЕНХАЈМ 2:1
ВОЛФСБУРГ – ХЕРТА 0:0
МЕНХЕНГЛАДБАХ – ЛЕВЕРКУЗЕН 18:30 ч.
ВЧЕРА
БОРУСИЈА Д. – ФРАЈБУРГ 5:1
УТРЕ ИГРААТ
АУГЗБУРГ – АЈТРАХТ 15:30 ч.
АРМИНИЈА – ГРОЈТЕР 17:30