Веќе е познато дека „Фалангата“ го окупираше центарот на Дебрецен. Македонските фанови се во најголем број, ниту овој пат не ги оставија ракометарите, во време на пандемија одлучија да им дадат поддршка.
Навивачите на секоја земја се различни. Така на пример во нашата група А број еден се Македонците. Со песна и оро се загреваа во еден познат паб во Дебрецен, каде доаѓаат и Данци и Словенци.
Зошто го пуштаме уште еднаш ова видео – за да ја погледнете рекацијата на Данците, во чудење ги гледаат Македонците како „грмат“.