Воска Спорт, еден од аспирантите за влез во ПМФЛ, инаку дебитант во ВМФЛ- ЗАПАД, минатата недела ги стартуваше подготовките. Целиот тек од подготовките на второпласираниот тим во западната конкуренција, тим кој есенскиот дел го заврши пред Врадар, ќе се изведува во Охрид. Инаку момците на стратегот Раде Цицмиловиќ покрај тренинзите формата ќе ја темпира и со шест пријателски и контролни мечеви.
Серијалот на овие „тестови“ започнува со Братство (22.01), потоа се игра и со Струга ТЛ (26.01), Ренова (29.01), Тиквеш (02.02), Борец (06.02) и на крај со Победа (12.02).
Од ова се гледа дека фудбалерите на Воска Спорт ќе имаат силни спаринг – партнери, така е и најдобро, само со мечеви против калитетни екипи може да се дојде до вистинската форма.