Лидерот на ВМФЛ Запад, тимот на Силекс на пролет ќе биде посилен, за искусниот напаѓач Дејан Цветаноски.
Тој доаѓа од екипата на Струга Трим Лум, каде што играше неколку сезони, и каде што имаше значајна улога во успесите на клубот, како промоција во првата лига, а потоа и минатогодишниот излез во Европа.
Сега, Цветаноски пристигнува во Кратово, за да на пролет се завери пласманот во ПМФЛ, и враќањето на некогашниот шампион на Македонија онаму каде што му е местото.