Сензација во Венген – Братен беше 29-ти по првата трка, а на крајот победи

320

Во третиот ден во Венген се одржа слаломот во Светскиот куп, а победник, на општо изненадување, е норвешкиот скијач Лукас Братен што е негова прва слаломска победа и втора севкупно во кариерата по триумфот во велеслаломот во Золден минатата година.

Братен направи фантастичен пробив, откако беше 29-ти по првата трка, а триумфираше во втората.

„Ова беше неверојатно добро. Не можам да ги опишам чувствата. Неверојатно“, изјави Братен по трката.

Братен победи во втората трка со 0,97 секунди подобро време од следниот најбрз скијач Швајцарецот Даниел Јуле, а трет на подиумот се искачи Џулијано Рацоли од Италија.

 

ПретходноЛиверпул сигурен, Херисон „здиве“ против Вест Хем (ВИДЕО)
СледноБетис победи во прекинатото дерби од Купот