Филип Кузмановски едноставно не го криеше разочарувањето по синоќешниот пораз од Црна Гора посебно од играта на нашата репрезентација. Тој утринава, на новинарите изјави..
“Уморно се осеќам и малку разочарано. Кажав и по Словенија дека имавме многу технички грешки, требаше да ги поправиме со Црна Гора. Сепак што е тука е. Морам да кажам дека со доаѓањето на Кире Лазаров имавме добри резултати, освен овие два меча на ЕП. Имавме голем пех што имаме многу повредени играчи и тие се најбитните во оваа репрезентација,Мансков, Марковски, Стоилов и се разбира Кире Лазаров. Ќе оставиме времето да покаже што ќе се случи“.
Утре играме со Данска…
“Нема што да загубиме со Данска, Да покажеме што и како сме се подготвувале. Треба да излеземе со ладни глави, да изиграме како прво за себе, борбено. Пробуваме да играме некој нов систем, брз ракомет со многу ротации. Навистина не знам што е со тие техлнички грешки“.