Градските ривали Бетис и Севиља денеска го продолжија натпреварот кој синоќа беше прекинат поради немири, а денеска продолжи пред празни трибини. Бетис славеше со 2:1 и се пласира во четвртфиналето на Купот.
Севилја водеше со голот на Папу Гомез од 35. минута, но само четири минути подоцна Бетис се врати во игра преку Набил Фекир.
Потоа се случија нередите поради кои судијата го прекина натпреварот. Денеска се доигра, а домашниот тим со голот на Каналес во 73. минута стигнаа до победа од 2:1 и пласман во наредната рунда.