Беше фантастичен: Митревски ја има втората најдобра одбрана (ВИДЕО)

242

Никола Митревски успеа да дојде во Дебрецен, да и помогне на македонската ракометна репрезентација на вториот дуел на ЕУРО 2022 против Црна Гора. За жал неговите 11 интевенции не беа доволни за прва радост на ова континентално натпреварување.

Искусниот голман се обидуваше да го подигне тимот да ја врати самодовербата, но едноставно не одеше против Црна Гора, одново правевме грешки. Имавме шанси кои не ги искористивме.

Добрата партија на Митревски на првиот меч на ЕП беше наградена од страна на ЕХФ тимот, тој се најде во Топ 5 листата на најдобри одбрани, поточно на второто место за вчерашните натпревари.

ПретходноКаков шок за Србинот: Новак, ако не се вакцинира, нема да настапи на Вимблдон и УС Опен!?
СледноДенеска на ЕП: Унгарците ќе се “вадат“ против Португалија