Дориан Бабунски прави трансфер во Унгарија, и за прв пат во кариерата ќе игра заедно со неговиот постар брат Давид. Дориан потпишува со тимот на Дебрецин, каде што Давид е веќе член извесно време.
Бабунски ги договори сите детали од договорот со Дебрецин, и веќе во текот на утрешниот ден ќе треба да ги обави лекарските прегледи, а потоа и да го потпише дилот.
Македонскиот репрезентативец имаше одлична есен во тимот на Ботев Враца, каде што фудбалски се препороди и каде што постигна десетина погодоци, а забележа и асистенции. Благодарение на тоа се здоби и со статус на сениорски репрезентативец на Македонија.