Ване Јованов, досегашниот десен бек на Академија Пандев е најновото засилување во таборот на Вардар. Со ова нашиот најтрофеен клуб продолжува да го засилива својот тим во пресрет на пролетниот дел во ВМФЛ-ЗАПАД.
Јованов има 22 години, тој е “дете“ на Академија Пандев, има играно и во Брегалница, а ги минал и сите младински категории во репрезентацијата на Македонија.