Македонската „Фаланга“ е број еден на Европското првенство во Дебрецен и на трибините, и надвор од „Феникс“ Арена.
„Црвено-жолтата“ боја ја има насекаде, македонските фанови знаат како да уживаат во овие ракометни денови, останува само болката од вчерашниот пораз од Црна Гора.
Во Дебрецен навивачите дојдоа од сите градови на Македонија, дел од нив редовно ги пратат репрезентативците на сите големи натпреварувања. Секој од нив остава свој белег во Дебрецен, а се чини број еден се овие фанови од Тетово.
На билбордот кој ја означува групата која се игра во овој град, со налепници го дадоа својот град – Тетово, во делот каде што стоеше Северна.