Денвер ги растури Лејкерси, Јокиќ набрзина дојде до трипл-дабл (ВИДЕО)
758
Кошаркарите на Денвер на домашен терен убедливо го совладаа ЛА Лејкерс со 133-96, а до нова победа ги предводеше Никола Јокиќ со 66. трипл-дабл во својата кариера.
Лејкерси уште на стартот на мечот се соочија со мотивираниот противник, домаќинот на средината на втората четвртина ја зголеми предноста, на полувремето отиде со позитива од 13 поени.
Ниту во второто полувреме не се промени ништо, Денвер продолѓи да кази, на две и пол минути до крајот позитивата бепе максимални плус 42. Мајк Мелон овој расплет на теренот го искористи да им даде шанса на оние кошаркари со помала минутажа.
Никола Јокиќ доминираше, за 28. минути во игра постигна 17 поени, 12 скока и 13 асистенции, Двајт Хауард неговиот чувар не успеа да го сопре српскиот репрезентативец. Хајленд имаше 27 поени и 10 скока, додека пак Грин застана на 26 поени.
На другата страна кај Лејкерси, Леброн Џејмс имаше 25 поени и 9 асистенции, додека пак Расел Вестбрук запиша 19 поени.
За Лејкерси ова беше 22 пораз, со 19 поени се наоѓа на седмото место во Западната конференција, додека пак Денвер е едно место погоре.