Екваторијална Гвинеја го шокираше Алжир (ВИДЕО)

217

Во натпреварот од 2. коло на Африканскиот куп на нации во групата „Е“ репрезентацијата на Екваторијална Гвинеја направи изненадување совладувајќи го Алжир со 1:0. Стрелец на единствениот гол на натпреварот во 70. минута беше дефанзивецот Естебан Орозко, на додавање на Хозе Миранда.

Победата и овозможи на Екваторијална Гвинеја да ги освои првите три бода на турнирот и да се искачи од последното место во табелата во групата „Е“ на втората позиција.

Алжир, кој освои еден бод на првиот меч, падна во последната позиција пред последното коло во кое ќе падне одлуката за тоа кој оди во следната фаза. Во групата лидер е селекцијата на Брегот на Слоновата Коска со 4 бода, а трета е селекцијата на Сиера Леоне која досега двапати ремизираше.

ПретходноРеал (М) го освои Суперкупот на Шпанија и дојде на чекор до рекордот на Барселона (ВИДЕО)
СледноИсланд на „мускули“ до победа над Холандија