Исланд на „мускули“ до победа над Холандија

121

Репрезентацијата на Исланд оствари тесна победа од 29:28 над селекцијата на Холандија во се чини еден од двата денешни фантастично возбудливи дуели од 2. Коло. Популарните „рибари“ во драматична завршница успеаја да дојдат до победа над жилавите „лалиња“ кои покажаа дека не била сличајна онаа стартна победа над Унгарија.

Гудјонсон со осум гола ги предводеше Исланѓаните до вториот триумф во кој Палмарсон постигна шест. Кај Холандија неверојатниот Смитс имаше 13 гола.

Белорусија без Кулеш немаше сили против Полска. Полјаците на крајот ја остварија и втората победа, овој пат со 29:20.

ПретходноЕкваторијална Гвинеја го шокираше Алжир (ВИДЕО)
СледноАталанта ја запре победничката низа на Интер