И селекторот Кире Лазаров имаше свој подолг коментар за тоа што се случи вчера, но и затоа што ки како понатаму. Тој и покрај се нагласи дека не се предава, дека ракометната селекција е на добар пат.
Сепак напомена дека поразот боли.
“Јас идејата за тоа што и како со репрезентацијата, ја имам со самото поставување за селектор. Поразот боли. Но за она што се спремавме и беше предвидено да настапиме на ова ЕП, комплетни како што настапувавме во квалификациите, тој план не ни успеа. И тоа поради повреди, Ковид-19. Не сакам ова да биде алиби, напротив. Јасно е дека не иста оваа селекција без Манасков, Лазаров, Стоилов, Митревски кој подоцна се приклучи, Маркоски, Ојлески…Планот беше да дојдеме комплетни и да им се спротиставиме на сите. Првиот меч ги загубивме гордо, достоинствено. Мислевме дека можеме лесно да победиме“
Оваа репрезентација е на добар пат…
„Да кажам и тоа дека откако синоќа двапати ја прегледав снимката од мечот, сметам дека сме на добар пат, стојам зад тоа. Прифаќам критика, прифаќаме критика. Имаме што да им кажам на моите ракометари. Почнуваме од нула, од почеток, но ќе разговараме за кус период, кој што правел, каде грешел, Верувам во нив, јас повеќе верувам отколку што тие самите веруваат во себе. Треба да се уверат дека се добри и дека ќе бидат добри“.
Лазаров и натаму смета дека на нашите момци им недостига тој победнички менталитет.
“Им недостига тој победнички менталитет. Велат се раѓаш со таков менталитет, но спортот оди напред, може да им се вгради. Играме брз и модерен ракомет. Бевме блиску од победата, не велам дека и јас немам грешки. Можеби по една победа против Црна Гора ќе ни направеше поголема штета, можеби. Се надевам дека во иднина ќе се комплетираме. Имаме комплетна слика, не само играчки туку и карактерно. Ние се познаваме доволно сите, но сепак тоа е недоволно. Од улога на селектор гледам дека со некои не сме се запознале доволно“.
Нема место за предавање, како против Данска…
“Да, јас сум голем оптимист. Јас не се предавам. Сум имал вакви моменти во кариерата играчка. Имаме напредок, само да го преточиме во победи. Прв следен предизвик ни е пласман на СП. Со Данска треба да се опуштиме, да играме без притисок. Ќе се подготвиме добро, ќе имаме пристап како да се бориме за пласман. Очекуваме оваа депресија по вчерашниот меч што ни се случи да ја промениме со позитива. Сите овие што се тука, посебно помладите да ја искористат шансата“.