Екипата на Ливерпул немаше проблеми на домашен терен попладнево да го совлада тимот на Брендфорд со конечни 3:0 во рамките од новото коло во Премиер лигата.
Фабињо, Окслеид – Чембрлен, како и Минамино беа стрелци за домашниот состав, во меч во кој Ливерпул тотално доминираше и не дозволи ниту во еден момент противникот да се надева на нешто денеска на „Енфилд“.
Од друга страна пак, екипите на Вест Хем и Лидс одиграа меч со пет постигнати гола, во кои Лидс на гостински терен обезбеди победа од 2:3. Главна „фаца“ на овој меч секако е напаѓачот на гостите Џек Херисон кој ги постигна сите три гола за Лидс, и кој таканаречено сам ја донесе победата. На три пати го носеше гостинот во водство на овој меч, Вест Хем на два пати се враќаше но на крајот остана со празни раце.