Норвешка победа во скијачките скокови од Светскиот куп што денеска се одржаа во полскиот Закопане. Мариус Линдвик е победник што е негова втора победа по ред по онаа во Бишофсхофен пред една недела.
Линдвик имаше скокови од 135 метри и импресивни 139,5 метри што беа доволни за 294,6 поени во конечниот поредок. Втор е Карл Гајгер со 10 поени помалку, а трет Словенецот Анже Ланишек со 10,9 поени помалку.
Во топ 5 се уште Рују Кобајаши, победникот на Новогодишната турнеја и лидер во генералниот пласман, а петтото место го освои Австриецот Даниел Тшофениг.
Како потсетување вчера се одржаа тимските скокови во Закопане, а Словенија триумфираше во состав: Кос, Превц, Зајц и Ланишек.
Втора беше Германија (Фројнд, Лејне, Ајсенбихлер, Гајгер), а трета Јапонија (Сато, Накамура, Јунширо Кобајаши и Рују Кобајаши).
Следно на програмата се скоковите во германски Титизе-Нојштад на 22 и 23 јануари (двојна програма).