Мате ја спасија Унгарија, Секељи во форма!

355

Унгарската ракометна репрезентација по оној срамен пораз од Холандија пред полна сала своите навивачи дојде до првите бодови на Европското првенство, на кое е еден од организаторите.

За малку ќе беше и нова трагедија, но Доминик Мате ја спаси Унгарија, со гол во последната секунда за крајни 30-31 и голема радост на трибините. Главна улога во овој триумф имаше и голманот на Е.Пелистер, Секељи, кој запиша 11 интервенции.

Дуелот беше неизвесен, Португалија добро го отвори мечот, имаше и предност од еден гол 15-14. Во продолжение домаќинот по голема борба успеа да дојде и до позитива од два до три гола. Во самиот финиш Португалија изедначи на 30-31, а Мате погоди за победа. Токму тој со осум гола беше прв стрелец.

Сега Унгарија остана во игра за пласман во следната рунда.

На втората средба во истиот термин, но од групата Д, Германија убедливо ја совлада Австралија со 34-29 и го завери местото во главната фаза.

ПретходноМариус Линдвик победник на скоковите во Закопане
СледноРома го победи Каљари благодарение на новото засилување (видео)