Сега и дефинитивно е готово. Новак Ѓоковиќ ја загуби битката со властите во Австралија и ќе мора да се врати дома. Со тоа тој не ќе може да ја брани титулата на АО во Мелбурн.
Првата негова реакција по дознавањето на судската олука беше дека е многу разочаран…
“Многу сум разочаран од одлуката да ми биде укината визата, тоа значи дека нема да можам да се натпреварувам на АО. Се разбира дека ќе ја почитувам одлуката. На сите оние кои ми ја дадоа поддршката во овие десет дена им се заблагодарувам, а на сите тенисери кои ќе се натпреваруваат на АО и на организаторот им посакувам добар турнир“ рече покрај другото Ѓоковиќ.