Од Евертон му се јавиле на „Специјалниот“, тој веднаш ги „откачил“

534

Евертон му понудил на менаџерот на Рома, Жозе Мурињо да го преземе тимот, откако му врачи отказ на Рафаел Бенитез.

Според извори од Англија, португалскиот стручњак веднаш ја одбил понудата на „карамелите“.

Вејн Руни од Дерби Каунти, поранешниот менаџер на Челзи, Френк Лампард, менаџерот на Брајтон, Греам Потер, белгискиот селектор Роберто Мартинез и поранешниот тренер на Рома, Руди Гарсија се споменуваат како главни кандидати за менаџерското место, но дури откако ќе заврши сезоната. Оваа сезона Евертон ќе ја заврши предводен од Данкан Фергусон.

Бенитез, кој беше на чело на Евертон, од јули минатата година, беше разрешен по очајните резултати на тимот сеознава во која се наоѓа на 15. место.

ПретходноДурент повторно се повреди, следува пауза подолга и од еден месец
СледноШтипјани заминаа за Анталија, прв тест во вторник (ФОТО)