Реал (М) го освои Суперкупот на Шпанија и дојде на чекор до рекордот на Барселона (ВИДЕО)

279

По дванаесеттипат во историјата, Реал (М) го освои шпанскиот Суперкуп. Во големото финале кое годинава се играше во Саудиска Арабија, момците на крало Анчелоти со 2.0 беа подобри од бранителот на трофејот Атлетик (Б) и по пауза од две години повторно го освојуваат пехарот наменет за најдобриот од ова натпреварување.

„Кралевите“ славеа благодарение на головите на Модриќ во 38. минута и на Бензема од пенал во 52. минута. Реал беше подобар во текот на целиот меч, а Атлетико не успеа да ги искористи своите шанси. Последната беше онаа од белата точка во 89. минута кога Раул Гарсија не успеа да го совлада Куртоа.

Реал со овој пехар дојде на само чекор до израмнување по бројот на трофеите во Суперкупот на Шпанија со вечниот ривал Барселона, која се уште е лидер со 13 вакви одличја.

ПретходноШтипјани заминаа за Анталија, прв тест во вторник (ФОТО)
СледноЕкваторијална Гвинеја го шокираше Алжир (ВИДЕО)