Рекорд на Јакимовски од четири тројки и титула играч на натпреварот

182

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски повторно беше главен играч на Вашингтон Стејт Универзитетот,овојпат во дуелот со Калифорнија.

Популарните „Кугарс“ победија со резултат 65:57, во голема мера и по заслуга на нашиот млад  кошаркар кој беше прогласен и за играч на мечот.

Јакимовски постигна речиси четвртина од поените на ВСУ 16, со кои беше прв стрелец во тимот и постави личен рекорд оваа сезона. Освен тоа, додаде уште седум скока за да го комплетира одличниот впечаток.

Иако не беше стартер, Јакимовски на теренот остана 30 минути. За тој период поминат во игра, погоди четири тројки од седум удари.

За Вашингтон Стејт ова е десетта победа во 17. натпревар оваа сезона.

ПретходноГолеадата во Сасуоло за Верона (ВИДЕО)
СледноДејан Цветаноски го засили Силекс