Македонската репрезентативка, Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва го запишаа четвртиот пораз во Лигата на шампиони. Русткиот состав на домашен терен беше совладан од Вајперс Кристијансад со 32:28 во рамките на десетото коло.
ЦСКА беше немоќна, контролата на резултатот, речиси во текот на целиот меч ја имаа гостинските ракометарки. По 13-16 на полувремето, негативата постојано растеше, тимот од Москва беше немоќен.
Ристовска мечот го заврши со четири гола од шест обиди беше втор стрелец во редовите на ЦСКА. По 10. коло, тимот на македонската репрезентативка е на петото место на табелата со скор од четири победи, две ремија и два порази.