Фантастичен меч со четири гола одиграа БС Коска и Сиера Леоне во 2. коло од групата Е на Африканскиот куп на нациите. Мечот заврши без победник 2:2 со што БС Коска пропушти шанса да се пласира во осминафиналето на турнирот, па шансата ќе ја бара во последното коло против Алжир.
Сиера Леоне со две ремија има два бода, а во третото коло ќе игра против Екваторијална Гвинеја. Во оваа група вечерва играат Алжир и Екваторијална Гвинеја.
Инаку БС Коска која е еден од фаворитите за трофејот имаше шанса за водство во 12. минута но Франк Кеси промаши пенал. Сепак, во 25. минута напаѓачот на Ајакс Себастијан Але погоди за водство на „Слоновите“. Во 55 минута изедначи Камара, но десет минути подоцна Никола Пепе повторно донесе водство за БС Коска. Во третата минута од судиското продолжение голманот на БС Коска направи глупост, ја имаше топката во раце но ја испушти, а противничките играчи ја искористија шансата и преку Алхаџи Камара изедначија на 2:2.
Мали пропушти да се пласира во осминафиналето по ремито со Гамбија. Коне од пенал го доведе Мали во водство во 79. минута, а изедначи Бароу во 90-та исто така од пенал.
Во групата Гамбија и Мали имаат по четири бода, Тунис има три по денешната победа над Мавританија со 4:0. Мавританија е на дното без бодови.
Во следното коло ќе играат Тунис и Гамбија, а Мали ќе се соочи со Мавританија.
— MeZZala🧘🏽♂️ (@Hans_FK96) January 16, 2022
GOAL! SIERRA LEONE!
East End Lions’ Musa Noah Kamara scores to bring the Mountain Lions level.
Côte d’Ivoire 🇨🇮 1-1 🇸🇱 Sierra Leone#AFCON2021pic.twitter.com/3rKboRmyjv
— African Insider #AFCON2021 🏆 (@African_Insider) January 16, 2022
Nicolas Pepe scores for Ivory Coast 🔥pic.twitter.com/39j2eePxYA
— #RIPShox 🌹 (@APresserV2) January 16, 2022
— قولاثو (@ASDGOAl1) January 16, 2022