Жил Моретон, претседател на Француската тениска федерација, изјави дека веќе се подготвуваат за овогодинешното издание на Ролан Гарос, односно за доаѓањето на невакцинирани тенисери.
На денот кога во Австралија решија дефинитивно да го одбијат најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој го напушти Мелбурн и нема да игра на првиот Грен слем турнир годинава, Моретон потврди дека кај нив ситуацијата ќе биде поинаква.
„Нашите луѓе, заедно со француските власти, во моментов преговараат за правилата за влез на турнирот на оние натпреварувачи кои не се вакцинирани. Во овој поглед, не верувам дека ќе има проблеми“, рече Моретон.
Ролан Гарос е на програмата од 22 мај до 5 јуни.