Ѓоковиќ ја изгуби битката со Федералниот суд, нема да игра на Австралија опен

465

Заврши сагата околку најдобриот тенисер во светот. Новак Ѓоковиќ ја изгуби битката со Федералниот суд, сепак нема да настапи на Австралија опен и да ја брани титулата.

Одлуката на тројцата судии Дејвид Џон О’Калахан, Џејмс Алсоп и Ентони Бесанко е едногласна, тие досудија во корист на министерот за имиграција, Алекс Хок да го протераат Ѓоковиќ од Австралија и ја укинат неговата виза за Австралија, па сега следи депортација од оваа земја.

Покрај ова Ноле најверојатно ќе добие забрана за влез во оваа земја од три години.

Судиите сметаат дека тој е опасност за ширење на антиваксерското движење во нивната земја. Судењето траеше повеќе од пет часа.

Претходно“Срам ми е да излезам на терен против Данска пред овие наши навивачи”
СледноДенвер ги растури Лејкерси, Јокиќ набрзина дојде до трипл-дабл (ВИДЕО)