Аталанта ја запре победничката низа на Интер

182

По оусм последователни победи, Интер беше запрен на гостувањето во Бергамо во вечерашниот меч од 22. коло во Серија А. Дуелот кој донесе многу возбудувања, на крајот заврши со најнепопуларните 0:0.

Најубавата шанса на мечот на имаше Муриел во самата завршница, кога украде една топка пред гостинскиот шеснаесетник, но не успеа да го совлада Хандановиќ.

За Интер ова се уште значи останување на врвот на табелата со два бода предност пред екипата на Милан, која утре ќе го одигра својот меч со Специја и ќе може да го симне градскиот ривал од првото место.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноИсланд на „мускули“ до победа над Холандија
СледноФранцузите немаат проблем со Ѓоковиќ: „Ноле ќе може да игра на Ролан Гарос“