Денеска на ЕП: Унгарците ќе се “вадат“ против Португалија

140

Денеска на програмата на ЕП 2022 во ракомет се само четири натпревари, и тоа по два од второто коло во групите Б и Д.

Унгарија, еден од домаќините на ова ЕП се среќава со Португалија. Мечот се игра од 18 часот, во кој Унгарија мора победи ако сака пласман во следната фаза. Ова е меч на одлука за Унгарија ако се знае дека во 1.коло тие сензационално загубија од Холандија.

Во оваа Б група од 20:30 часот се среќаваат и Исланд и Холандија.

Во групата Д, најпрво од 18 часот се среќаваат Германија и Австрија, а во вечерниот термин играат Белорусија и Полска.

Познато е, Македонија утре во последниот меч од групата А се среќава со Данска, мечот започнува во 20:30 часот, натпревар кој ќе биде само за престиж за нашите момци.

ПретходноБеше фантастичен: Митревски ја има втората најдобра одбрана (ВИДЕО)
СледноФилип Кузмановски: Со Данска да одиграме и за себе!