Репрезентацијата на Исланд оствари тесна победа од 29:28 над селекцијата на Холандија во се чини еден од двата денешни фантастично возбудливи дуели од 2. Коло. Популарните „рибари“ во драматична завршница успеаја да дојдат до победа над жилавите „лалиња“ кои покажаа дека не била сличајна онаа стартна победа над Унгарија.
Гудјонсон со осум гола ги предводеше Исланѓаните до вториот триумф во кој Палмарсон постигна шест. Кај Холандија неверојатниот Смитс имаше 13 гола.
Белорусија без Кулеш немаше сили против Полска. Полјаците на крајот ја остварија и втората победа, овој пат со 29:20.