Рома го победи Каљари благодарение на новото засилување (видео)

1409

Пред неколку денови дојде во редовите на Рома од Порто како позајмен и на првиот меч за италијанскиот клуб погоди за победа. Сержо Оливеира беше стартер за Рома на дуелот со Каљари во 22. коло на Серија А.

Во 33 минута шутот на Оливеира заврши во раката на противничкиот дефанзивец Далбер, па судијата по консултација со ВАР помошниците покажа пенал. Оливеира застана на 11 метри ја погоди мрежата.

Тој гол се покажа како победнички.

Рома ја забележа 11-тата победа сезонава и е на шестото место на табелата, а Каљари е во опасната зона, на 18-тата позиција.

ПретходноМате ја спасија Унгарија, Секељи во форма!
Следно„Јој Маџарице“: Ситни души што тријат раце, ниски удари кон тие што нè научија да летаме високо