По мечот со Црна Гора најкритичен, па и самокритичен беше Филип Талески. Тој и денеска на дружењето со новинартите посочи дека вчера тој и неговите колеги протув Црна Гора одиграле срамно.
“За тоа што се случи вчера, веднаш по мечот го кажав. Тоа и сега го повторувам. Беше еден срамен натпревар за сите нас. Меѓутоа што е тука е. Утре имаме уште еден натпревар против селекцијата на Данска. Во Скопје одигравме добро со нив, ги победивме. Може да имаме шанси. Од друга страна Данска покажа дека е моќна, дека атакува на тоа злато. Одиме да се надигруваме како што беше во Скопје. Што биде нека биде, сакаме да го завршиме ова првенство со една добра и борбена средба“ посочи Талески.