По пауза од само шест месеци Драшко Ѓорѓевиќ одново ќе биде дел од Работнички. Како што велат нашите информации клубот од Градски парк го вратил квалитетниот стопер, кој минатата сезона во Работнички беше еден од најдобрите во тимот.
Инаку за услугите на Ѓорѓевиќ заинтересирани беа неколку наши клубови, но сепак Работнички беше најбрз и успеа да го врати. Ѓорѓевиќ има 28 години, а во есенскиот дел беше во тимот на Рад од Белград.