И официјално без Елмас со Италија: ФИФА ги поништи картоните, но не и суспензиите!

1136

И официјално, и дефинитивно. Македонија во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП во Катар, нема да може да смета на Елиф Елмас и Тихо Костадинов. Колку за потсетување, и двајацата квалификациите за СП ги завршија со по два жолти картони.

ФИФА одлучи да ги поништи картоните на оние играчи кои што во баражот влегуваат со по еден жолт. Целта е јасна, за да може тие да играат во евентуалното финале.

Додека оние играчи, како Елмас и Костадинов, како и сите оние кои имаат по два жолти и еден црвен во тие 12 селекции кои ќе играат во баражот, сеуште се под суспензија и ќе мора да го „прескокнат“ полуфиналето.

Спортмедиа“ ова го најави уште пред три недели, значи бадијала сите молби, укажувања и барања до ФИФА.

Македонија ќе мора без Елмас на гости кај Италија на 24 март.

ПретходноСе менуваат работите за Ѓоковиќ и неговиот настап на Ролан Гарос
СледноНоле пристигна во Белград: Со својот потег ги разочара новинарите и фановите (ВИДЕО)