Македонските ракометари од меч во авион – вечерва се враќаат во Скопје

328

Македонската ракометна репрезентација вечерва (20:30 часот) го игра последниот меч на Европското првенство. Кирил Лазаров и неговите избраници за противник ја имаат селекцијата на Данска.

По двата порази од Словенија и Црна Гора, тешко е да се надеваме на прва радост на ова континентално натпреварување, кое ќе го завршиме последни во групата, а за крајниот редослед ќе треба да почекаме да завршат сите натпревари од овој дел од ЕУРО.

Македонија веднаш по завршување на мечот ќе се врати во Скопје. Чартерот е закажан во еден часот после полноќ.

Со каков состав ќе настапиме на денешната средба ќе биде познато на час пред стартот на дуелот со Данска, прво се чекаат резултатите од Ковид-тестовите.

ПретходноНа последниот дуел со Данците ќе ни судат Словаци
СледноБукмејкерите јасни: Се освен пораз на Македонија со најмалку 8 гола разлика ќе биде изненадување