Модриќ: Сигурен сум дека и следната сезона ќе играм за Реал

118

Хрватскиот ветеран од екипата на Реал (М), Лука Модриќ, откако со еден гол му помогна на својот тим синоќа да го освои шпанскиот Суперкуп, по мечот најави дека е убеден дека и следната сезона ќе биде во Мадрид.

„Отсекогаш сум имал добри односи со клубот. Сигурен сум дека ќе се договориме. Никогаш не ми требаа повеќе од две минути да се договорам за нов договор. Сигурен сум дека и сега ќе се постигне договор. Мојата желба е позната. Мислам дека и Реал Мадрид го сака тоа“, рече Модриќ.

Актуелниот договор на 36-годишниот играч од средниот ред истекува ова лето. Според дел од новинарите, двете страни веќе се договориле за договор до 2023 година со намалување на платата за 10%.

ПретходноДрашко Ѓорѓевиќ се врати во Работнички!
СледноРуфати официјално си замина од Зорја