Штипските „сини“ денеска го одработија својот прв тренинг во Анталија. Во добра и работна атмосфера, по водство на новиот стратег Илчо Ѓорѓиоски, фудбалерите на Брегалница ги искористија одличните услови за работа, па така првиот тренинг со задоволство беше одработен.
Веќе од утре тимот на Брегалница ќе стартува и со одигрување на пријателски средби. Прв ривал е тимот на Кубан Краснодар од Русија, овој натпревар треба да започне во 15 часот.
ФОТО: Fk Bregalnica facebook