Воска го прати Шпенд Асани на позајмица во Велешта!

296

Шпенд Асани, напаѓачот на Воска Спорт во пролетниот дел, во следните шест месеци ќе биде дел од екипата на Велешта. Ова е одлука на клубот по препорака на шефот на стручниот штаб Раде Цицмиловиќ. Со оглед на тоа дека Воска располага со повеќе квалитетни офанзивци, подобро ќе биде Асани да има поголема минутажа.

Инаку Асани во Воска дојде во јули минатата година, а претходно играше за екипите на Дрита Боговиње, Вардар Форино, играше и во Косово, а претходно во Шкупи и Шкендија.

ПретходноДЕСЕТКА ЗА „ФАЛАНГАТА“ – Капа доле за сите во „Феникс“ Арена (ВИДЕО+ФОТО)
СледноПандев на клупа, Џенова понижена на „Артемио Франки“(6:0)