Дориан Бабунски официјално кај Давид во Дебрецин

1220

Го направи потребниот голем трансфер Македонскиот репрезентативец и интернационалец Дориан Бабунски зимава. Денеска официјално потпиша за тимот на Дебрецин каде што веќе е член неговиот брат Давид Бабунски.

По одличната полусезона во тимот на Ботев Враца, Бабунски се сели во Унгариј каде што ќе има можност на едно повисоко ниво да ја покаже и докаже својата моментало екстра форма.

Бабунски е еден од оние наши играчи од кои многу очекувавме, особено што својата младинска кариера ја мина во големиот Реал Мадрид. Потоа замина за Словенија па за Јапонија, а дури во дресот на Ботев изминатата полусезона го покажа својот вистински квалитет. Сега, заедно со неговиот брат Давид во тандем ќе се обидат да го одбележат следиот период во еден од најдобрите клубови во Унгарија, тимот на Дебрецин.

ПретходноЛазаров има само еден совет за своите момци за дуелот со Данска
СледноГолот на Ристовска во ТОП 5 во ЛШ