Драшко Ѓорѓевиќ се врати во Работнички!

510

По пауза од само шест месеци Драшко Ѓорѓевиќ одново ќе биде дел од Работнички. Како што велат нашите информации клубот од Градски парк го вратил квалитетниот стопер, кој минатата сезона во Работнички беше еден од најдобрите во тимот.

Инаку за услугите на Ѓорѓевиќ заинтересирани беа неколку наши клубови, но сепак Работнички беше најбрз и успеа да го врати. Ѓорѓевиќ има 28 години, а во есенскиот дел беше во тимот на Рад од Белград.

ПретходноДориан Бабунски: Знаевме дека еден ден со Давид ќе заиграме во ист клуб
СледноМодриќ: Сигурен сум дека и следната сезона ќе играм за Реал