Левандовски е најдобар фудбалер на светот според ФИФА

128

Конечно, Роберт Левандовски, полскиот голгетер и машината за голови на Баерн Минхен е именуван за најдобар фудбалер на планетата за 2021 година. Во изборот на ФИФА за најдобрите спортски работници полскиот голгетер го доби признанието и во трката ги победи Лео Меси и Мохамед Салах.

Фановите, играчите, тренерите и новинарите го кажаа своето. На Левандовски му избега „Златната топка“ на Франс Фудбал, но затоа ФИФА му додели награда за најдобар за 2021 година.

ДРУГИ НАГРАДЕНИ

НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА

Томас Тухел (Челзи)

НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА

Ема Хејс (женски тим на Челзи)

НАЈДОБАР ГОЛМАН

Едуард Менди (Челзи)

НАЈДОБАР ГОЛ (НАГРАДА ПУШКАШ)

Ерик Ламела (Тотенхем против Арсенал)

НАЈДОБРИ НАВИВАЧИ

Данска и Финска

НАЈДОБРА ФУДБАЛЕРКА

Алексија Путеља (Барселона/Шпанија)

ФЕР ПЛЕЈ

Данска

НАЈДОБАР ТИМ

Донарума (ПСЖ), Алаба (Реал М.), Рубен Диас (Ман.Сити), Бонучи (Јувентус), Жоржињо (Челзи), Канте (Челзи), Де Брујн (Ман Сити), Роналдо (Ман.Јунајтед), Халанд (Борусија Д.), Левандовски (Баерн), Меси (ПСЖ)

 

 

 

 

ПретходноКлиме Стоилов и Марко Миркуловски заштитен знак на македонската „Фаланга“ (ФОТО)
СледноЕлмас асистент во победата на Наполи, шок за Милан од Специја во 95 минута! (видео)