Бојан Миовски беше стрелец денеска за својот тим МТК во дуелот со нашиот прволигаш Борец од Велес во рамките од подготовките во Анталија кои се обавуваат во моментов. Во дуелот кој се играше на два пати по шеесет минути и во кој нормално шанса добија голем број на играчи, МТК победи со 5:1, а еден од погодоците за Унгарскиот тим го постигна токму Миовски. Претходно тој промаши пенал, а голот што се вели е од “втора“. За Борец пак голот го постигна Кристијан Николовски. Последниот гол за тимот од Унгарија го постигна Херера, некогашниот фудбалер на Работнички.
За МТК во стартниот тим исто така се појави и Стефан Спировски кој зимава го засили овој клуб.