Македонската ракометна репрезентација со три порази го заврши Европското првенство, беше совладана од Данска со 21-31.
На оваа средба првите минути во „црвено-жолтиот“ дрес ги одигра Марко Митев. Тој ја доби довербата од селекторот Кирил Лазаров, постигна еден гол од два обиди. Меѓу другото изнуди и еден седмерец. Митев дебитираше на 18 години.
„Ова беше одличен меч за сите нас, Данците одиграа одлично. Ние одигравме добар меч до 45 минута, но овој тим многу потенцијал, во иднина ќе покажеме повеќе, благодорнст до фановите за поддршката. Чувството да се биде дел од најдобриот состав на Македонија. Благодарност до селекторот што ми даде шанса и што има доверба во мене“, изјави Митев на прес-конференцијата по мечот.