Утрово станаа познати и судиите кои ќе ја делат правдата на вечерашниот последен меч на нашата ракометна репрезентација на Европското првенство во Дебрецен. Последниот натпревар на нашата селекција ќе го судат арбитри од Словачка.
Станува збор за Борис Мандак и Марио Рудински, додека делегат ќе биде Кармен Мачадо од Шпанија. Македонската репрезентација по мечот со чартер лет ќе се врати во Скопје.