Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по големата драма која траеше десетина дена не доби влез за Австралија, власта на оваа земја и на суд го доби случајот против него и одлучи да го депортира назад.
Ноле слета во Белград, на аеродромот го чекаа голем број на фанови и новинари, ги чекаа првите реакции на својот миленик. Неговите поддржувачи го скандираа неговото име, се надеваа дека ќе ги поздрави, но тоа не се случи.
Тамошните медиуми обајвија дека Ѓоковиќ веднаш го напуштил аеродромот и одлучил да не се задржува, по овие десет дена, на прво место е одморот со неговото семејство.
Тој нема да зборува за своето патешествие се додека не заврши Австралијан Опен, па токму затоа денеска не сакаше да се појави пред новинарите.
Novak je sleteo u Beograd! pic.twitter.com/J9u3h5SSvr
— Balkan Sports (@BalkanSports) January 17, 2022