Екипата на Џенова пополека се симнува во италијанската Серија Б. И по смената на Шевченко резултатите не се подобрија. Екипата ја водеше Абдулај Конко, тренерот на У17, но на „Артемио Франки“ доби само понижување – пораз од 6:0.
Горан Пандев остана на клупата и гледаше како Фиорентина ја полни мрежата на неговата екипа.
По првото полувреме Фиорентина поведе со 3:0. Влаховиќ во 11 минута промаши пенал, но потоа стрелаа Одриозола, Бонавентура и Бираги.
Во 51. минута Влаховиќ погоди, па по него уште еднаш Бираги, на крајот Тореира го заокружи конечните 6:0.
Фиорентина е шеста на табелата, а Џенова е претпоследна.