Петиција од фановите: Лазаров да влезе во игра и да шутира пенал на последниот меч на ЕУРО

618

За Кирил Лазаров ова Европско првенство требаше да биде последно големо во неговата кариера. Поради повреда мак-гол машина остана да ја извршува само селекторската функција.

Навивачите, како и цела нација остана во шок, бидејќи со Кире и без него на теренот има разлика.

Сите сакаат да го видат на теренот во Дебрецен, па токму затоа на „Твитер“ излезе петиција, да влезе на мечот со Данска и да шутира барем од линијата за седум метри, на овој начин ќе остане запишано неговото учество на ЕУРО 2022, а навивачите ќе можат со овации да го поздрават најдобриот.

Истата на големо се потпишува, дали ќе се случи тоа ќе видиме наскоро.

ПретходноДебрецен да го напуштиме достоинствено: Момци храбро и борбено против Данска
СледноТврдоглавоста на Новак ќе го чини милиони: Спонзорите најавуваат повлекување!