Познати деталите за организација на Купот на Македонија – почетната сума е 500.000 денари

253

Македонската кошаркарска федерација ги објави сите детали поврзани со организација на финалниот турнир на Купот на Македонија “Благоја Георгиевски – Буштур“ 2022 во машка и женска конкуренција.

Поднесувањето на пријавите е најдоцна до (Среда) 26 овој месец, почетната сума на јавното наддавање за организација на Купот изнесува 500.000 денари.

Заинтересираните учесници на лицитацијата треба да уплатат 10 % од почетната сума, до почетокот на лицитацијата, на сметката на КФСМ.

Сите детали може да се прочитаат на следниот ЛИНК.

Купот на Македонија ќе се игра од 18 до 20.02.2022 година по системот, 1-8, 2-7, 3-6, 4-5.

Извлечените двојки се следните, Пелистер – ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар, Работнички – Феникс и Навико Академија ФМП – Еуро Никел. МЗТ Скопје е бранител на титулата.

Претходно„Жал ми е за Лазаров, тој е искусен господин што знае се за ракометот“
СледноПу-пу, не важи: ЕХФ пак ги промени правилата за Ковид-позитивните на ЕП?