Пу-пу, не важи: ЕХФ пак ги промени правилата за Ковид-позитивните на ЕП?

342

И дефинитивно, ова Европско првенство ќе биде запаметено по пандемијата коронавирус и чудните правила на ЕХФ. Од играчи до новинари, сите пред стартот на истото, но и за време на континенталното натпреварување сме затекнати од чудните правила на европската куќа на ракометот.

На почетокот ЕХФ им испрати правилник на сите земји учеснички, позитивните ракометари на Ковид-19 мора да одат во 14 дневна изолација, непосредно пред првите мечеви, истата ја намали на пет дена. Но, од денеска има ново правило.

Според шведската федерација, оние кои ќе покажат позитивен тест на коронавирус ќе морат да минат осум дена во изолација, а потоа со два негативни теста ќе можат да се вратат во својот тим. Поточно ќе мора да бидат негативни на седмиот и осмиот ден.

Којзнае до крајот што ќе се случи. Денеска и утре завршува групната фаза, крајот е 30. јануари, се чини допрва ќе се изначитаме и ќе се изначудиме на новите наредби од страна на ЕХФ.

ПретходноПознати деталите за организација на Купот на Македонија – почетната сума е 500.000 денари
СледноСкопје го враќа Моунпаин во своите редови